„Со конституирањето на четири нови совети продолжува просецот на суштинска трансформација на Стопанската комора на Северна Македонија (СКСМ) наречен „Комора на иднината“ во пресрет на 100 – годишнината од нејзиното постоење.
Крајниот резултат треба да биде сосема нов концепт на високото и средното образование кое ќе формира кадри, потребни на бизнисот, кои ќе ги отворат процесите на дигитализација, индустриски дизајн, телекомуникации како и формирање на берза на трудот, доследно имплементирање на системот на дуално образование и подигнување на капацитетите на арбитражата, медијацијата и судот на честа“, вели Петровски како еден од предавачите на модулот Практични аспекти на работењето на малите и средни бизниси и член на Собранието на Стопанската комора, претседател на Македонската транспортна асоцијација, член на Американската комора во Скопје и член на Европската бизнис асоцијација.
Главната порака што ја испраќа до младите лидери е дека во тимот секој е важен, а без стручен тим, тим од доверба, не може да се оди напред . Потребата да се размислува стратешки.да се биде постојано блиску до потребата на корисникот на производот или во случајот на Фершпед до корисникот на услугата е посебно важно бидејќи покрај цената и квалитетот, размислувањето за проблемите на партнерите и пронаоѓање на решение на истите е многу важно за добивање и задржување на клиентите.






