среда, 15 април 2026

Филип Димитровски од Тиго, еден од највлијателните бизнис лидери под 40 години во ЈИЕ

Објавено на

часот

Сподели

Димитровски се најде на листата  на „40 највлијателни и најуспешни бизнис лидери под 40 години“ од регионот на Југоисточна Европа и стана член на ексклузивниот „Business Elite’s Executive Club”, кој претставува платформата за менторство и пристап до програми за размена на знаење и искуства во областите од интерес, но и нудење сопствени менторски услуги на останатите членови на клубот.

„Навистина е чест и задоволство да се биде еден од добитниците на престижната награда 40 Under 40’ на реномираната меѓународна агенција Business Elite Awards. Првенствено затоа што нашите заложби насочени кон позитивни промени и напредок во државите од кои доаѓамe се препознаени и вреднувани од експерти во областите. Лично за мене, а претпоставувам дека и за другите 39 добитници, оваа награда претставува огромна мотивација да продолжиме да чекориме по патот по кој веќе се движиме, помудро и похрабро, поставувајќи си нови цели, борејќи се со предизвиците и поставувајќи нови стандарди за успех. На крај, сакам да истакнам дека оваа награда припаѓа на над 114 млади професионалци-сопатници, нашиот Тиго тим, затоа што реалноста вели –  успешен си онолку, колку што е успешен и мотивиран тимот“, истакна Филип Димитровски, извршен директор на Тиго фајнанс.         

„Business Elite’s 40 Under 40” доделувањето  на награди, кое годинава се одржа по третпат,  претставува едно од најпопуларните и најпрестижните признанија во светот за младите бизнис лидери до 40 години со цел да се препознае амбициозноста кај младите претприемачи и менаџери, компаниите и бизнисите кои тие ги предводат, да се даде и дополнителен стимул за продолжување на посветеноста и пожртвуваноста. Тоа дополнително е потпомогнато со нивното членство во ексклузивниот Business Elite Executive Club, каде добитниците на наградите официјално се приклучуваат на светската бизнис елита како дел од мрежата на најуспешни и најамбициозни млади бизнис лидери од светот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ