среда, 15 април 2026

„Еколог“ донираше 10 амбулантни возила – за Куманово, Гостивар, Кичево, Дебар, Струга, Битола, Велес

Објавено на

часот

Сподели

„Во овој двогодишен период, најголемото внимание е насочено кон здравството. Затоа, од претседателот на советодавниот одбор, Љазим Дестани дојде иницијатива за донирање на овие 10 амбулантни возила. Веруваме дека оваа донација ќе биде придонес за зајакнување на болничките капацитети, но и помош за здравствените работници во нивната борба против Ковид-19“, истакна Сеид Јусуфи.

Државната секретарка во Министерството за здравство, Иванка Стојаноски, рече дека оваа донација ќе им биде од голема корист на болниците, особено сега за време на пандемијата.

Амбулантните возила се целосно опремени со кислородни апарати, мобилни дефибрилатори, како и друга медицинска опрема потребна за укажување прва помош.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ