Пораст на трошоците на животот во споредба со септември е забележан кај шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 2,5 проценти, кај маслото и маснотиите за 2,3 проценти, кај лебот и житата за 1,8 проценти, кај месото за 1,7 проценти, кај прехранбените производи, неспоменати на друго место за 1,2 проценти, кај млекото за 0,7 проценти, кај сирењето и урдата за 0,5 проценти и кај рибата и морските плодови и жестоките пијалаци за 0,3 проценти.
Во октомври, исто така, пораст на трошоците на животот имало и кај гасот и течните горива за домаќинствата, рестораните и кафулињата, обувките, услугите за домаќинствата, услугите за одржување и поправки на живеалиштето, цврстите горива за домаќинствата, накитот и часовниците, големите и малите електрични апарати за домаќинствата…
Намалување на трошоците на животот имало кај свежиот и разладениот зеленчук, освен компирите и другите коренести плодови, свежото и разладеното овошје, пивото, минералната вода, газираните пијалаци, соковите од овошје и зеленчук и виното. Намалување имало и кај воздухопловниот патнички транспорт, туристичките пакет-аранжмани, велосипедите, книгите…
Цените на угостителските услуги во октомври се зголемени за 0,4 проценти во споредба со септември, а за 0,8 проценти во однос со октомври лани.
Зголемување на цените на угостителските услуги во однос на септември имало кај храната за 0,5 проценти, алкохолните пијалоци за 0,3 проценти, безалкохолните пијалоци за 0,6 проценти и кај ноќевањата за 0,1 процент.
Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари – октомври 2021 година, во однос на истиот период од минатата година, е зголемен за 0,4 проценти, додека во однос на декември 2020 година бележи зголемување од 0,2 проценти.






