Министерот денеска, по повод Светскиот ден на туризмот најави дека дигитализацијата и промоцијата на земјава како атрактивна дестинација, ќе бидат меѓу приоритетните активности во областа на туризмот.
„Туризмот во светски рамки беше еден од најпогодените сектори. Владата го поддржа со конкретни мерки и активности. Според сите показатели, годинава се постигнати очекуваните резултати. Имајќи ги предвид бројките, мерките дадоа видливи резултати Освен субвенциите кои во целот ќе бидат исплатени следната или најдоцна во наредните две недели, имаше и директни грантови за надминување на кризата“, рече министерот Крешник Бектеши.






