„Атлантис по втор пат е обоен во розово со што продолжуваме да ја искажуваме нашата целосна поддршка за заложбите на здружението Борка и помошта за лицата со рак на дојка. Подигањето на свеста за ова заболување е единствениот начин за борба против него и затоа целта на розовиот Атлантис е, исто така и да потсети за зачестеноста на ова заболување и да упати на важноста од превенцијата, редовни прегледи и рано откривање на заболувањето”, велат од Витаминка.
Од Здружението за борба против ракот „Борка – за секој нов ден“, велат во периодов е потребно на секаков начин да се зголеми свесноста за раната детекција.
„Поддршката од Витаминка и апелот преку розовиот Атлантис како потсетување за болеста, ни значи многу во овој период, затоа што претпазливоста во услови на пандемија го намали бројот на редовните прегледи и дијагностички посети, што е клучно во борбата против ракот на дојка. Жените ги занемарија редовните прегледи, што создава опасност од ненавремено дијагностицирање на болеста и откривање во доцен стадиум. Затоа и овој пат, заедно со Витаминка апелираме на поголема свесност кај сите, не само пациентите, за редовни прегледи, навремени интервенции и рана детекција”, истакна Биба Додева од здружението „Борка“.






