недела, 19 април 2026

Поддршка од Еуроимаж за „Најсреќниот човек на светот” од Теона Стругар Митевска

Објавено на

часот

Сподели

Филмот е копродукција на Македонија, Белгија, Данска и Хрватска, а според одлуката на Бордот на Еуроимаж, ќе биде поддржан со 290.000 евра. 

Помалку од половина од оваа сума, односно 140.000 ќе добие босанскиот автор Пјер Жалица за филмот „Празник на трудот”, кој е во босанско-хрватска-македонско-српска копродукција. 

„Како и на претходната сесија во март и сега, европската поддршка за македонската кинематографија пристигнува во сѐ уште тежок и неизвесен ковид или пост-ковид период.  Македонските филмски проекти сѐ почесто се препознаваат во локалните филмски фондови во европските држави, но и во најзначајниот и најспрестижниот филмски фонд Еуримаж, специјализирано тело при Советот на Европа“ , изјави  Тања Ќурчинска Пепељугоска, македонскиот национален претставник. 

Бордот на Еуроимаж на вчерашниот состанок одлучи да поддржи вкупно 49 филсмки проекти, меѓу кои и 6 документарци и 3 анимирани филмови со 10.816.000 евра. Притоа 35,37 отсто од поддржаните проекти се филмови режирани од жени и за нив се одвоени 3.521.250 евра или 32,56 отсто од вкупниот фонд. 

Инаку, Еуроимаж од формирањето во 1988 година до денес подржал 2.236 копродукции со вкупна сума од близу 640 милиони евра.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ