Лејкерс не може да смета на повредените Дончиќ и Ривс, двајцата главните кошаркари во регуларниот дел од сезоната, но ноќеска другите истапија.
Езерџиите го добија мечот со 107-98, а најефикасен беше Кенард со 27 поени, Ајтон постигна 19, имаше и 11 скокови, дабл-дабл учинок имаше и Леброн Џејмс, 19 поени и 13 асистенции. Во составот на Хјустон, Шенгун даде 19 поени.
Никола Јокиќ имаше трипл-дабл во победата на Денвер над Минесота од 116-105. Србинот постигна 25 поени, имаше 13 скокови и 11 асистенции, најефикасен беше Мареј со 30 поени. Кај Минесота, Едвардс даде 22.
Резултати:
Кливленд – Торонто 126-113
Денвер 116-105
Њујорк – Атланта 113-102
ЛА Лејкерс – Хјустон 107-98






