На турнирот ќе настапат 36 земји во машка и женска конкуренција, а сите селекции веќе пристигнаа во главниот град на Македонија и го очекуваат почетокот на натпреварите.
Македонската машка селекција ќе игра во групата А против селекциите од Република Српска, Грузија, Бугарија и Саудиска Арабија, под водство на Горан Кузманоски. Само првопласираните од групите ќе обезбедат место во полуфиналето.

Во женска конкуренција, Македонија е дел од групата Ц со Белгија, Грузија и Словачка, а селекцијата ја предводи Даниела Новеска. Кај дамите првите две селекции од секоја група ќе се пласираат во четвртфиналето.

Точните термини и сали ќе бидат утврдени на техничкиот состанок утре, додека натпреварите започнуваат на 22 април.
Ден претходно, на Плоштад Македонија ќе се одржи свеченото отворање на турнирот, со што официјално ќе стартува овој голем спортски настан.






