вторник, 21 април 2026

Труење со заостанати велигденски јајца во Кавадарци

Две жени на возраст од 62 и 56 години побарале помош во Итната медицинска помош број два во Кавадарци, каде биле медицински третирани под сомнеж за труење со заостанати велигденски јајца.

Објавено на

часот

Сподели

Едната била задржана на болничко одделение во кавадаречката болница, а другата, по неколкучасовно медицинско следење, сама изразила желба да си оди дома, бидејќи, како што рекла, се чувствувала подобро. Оваа информација ја потврди за МИА, доктор Антоан Паракеов, началник на Службата за итна медицинска помош во Кавадарци.

Ратко Грков, доктор во Итна медицинска помош број еден, рече дека и во негова смена, имало пациенти кои се пожалиле на лесни симптоми на труење, а кажале дека претходно консумирале велигденски јајца.

Паракеов и Грков апелираа до населението за внимателност при консумирање преостанати велигденски јајца од празникот, до цел да се избегнат несакани последици од консумирање постара храна.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ