вторник, 21 април 2026

Техеран: Многу опасни последици по американскиот напад на иранскиот брод

Иранското Министерство за надворешни работи соопшти дека американската акција против ирански трговски брод во водите на Оманското Море ќе има „многу опасни последици“, осудувајќи го настанот како, како што наведуваат, „морски бандитизам и терористички чин“.

Фото: Скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Во соопштението се наведува дека американските сили го нападнале иранскиот брод, се качиле на него и ги оневозможиле неговите навигациски системи, како и дека екипажот, заедно со нивните семејства, биле „земени како заложници“, објави порталот Прес ТВ.

Техеран побара итно ослободување на бродот, морнарите и нивните семејства.

Иранската страна тврди дека овој инцидент претставува кршење на договорот за прекин на огнот од 8 април и „агресивен чин против Исламската Република Иран“.

Министерството на земјата предупреди дека Иран „несомнено ќе ги искористи сите свои капацитети“ за да ги заштити своите национални интереси, безбедноста и правата на своите граѓани, тврдејќи дека САД носат одговорност за влошувањето на ситуацијата во регионот.

Како одговор на американската акција, иранските сили наводно нападнале неколку американски воени бродови во областа со напади со беспилотни летала.

Иранската војска соопшти дека била подготвена за директен конфликт, но дека присуството на членови на семејствата на екипажот на бродот ги ограничило нејзините понатамошни дејствија.

Се додава дека, откако ќе се обезбеди безбедноста на цивилите на бродот, иранските вооружени сили ќе преземат дополнителни мерки против американските сили.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ