вторник, 21 април 2026

Најмногу дожд во едно деноноќие на Попова Шапка

Во изминатите 24 часа најмногу дожд наврнал на Попова Шапка, каде се измерени 13 литри на метар квадратен.

Објавено на

часот

Сподели

Потоа следуваат Маврови Анови со девет, Тетово со пет, како и Пожаране и Скопје – Зајчев Рид со по четири литри на метар квадратен. Помали количини врнежи се регистрирани во Крушево со два литра, додека по еден литар се измерени во Крива Паланка, Тополчани, Прилеп и Велес.Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи, времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, кои на одделни места ќе бидат пообилни. Локално се очекува нестабилност проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 14 до 21 степени.

Во Скопје, променливо облачно. Во делови од котлината ќе има повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Максималната температура ќе достигне до 15 степени.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ