вторник, 21 април 2026

Реал Мадрид ги постави критериумите за нов тренер

Реал Мадрид е во потрага по тренер за наредната сезона, Алваро Арбелоа нема да продолжи бидејќи не го исполни ултиматумот да освои барем еден трофеј.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Кралскиот клуб ќе заврши втора сезона по ред без освоен трофеј, а тоа го вклучи алармот.

По заминувањето на Анчелоти, Реал Мадрид се обиде со неискусни тренери кои имаат висок потенцијал, но Чаби Алонсо не успеа да ја менаџира соблекувалната и доби отказ кога дел од играчите му го свртеа грбот.

Арбелоа не успеа да се носи со Барселона во Ла Лига, а испадна и од Лигата на шампионите каде изгуби од Баерн.

Шпанските медиуми пренесуваат дека Реал Мадрид пак ќе се сврти кон искусен тренер кој е победник, клубот поставил критериуми за нов тренер.

– Да биде искусен на елитно клупско ниво
– Да биде шампион и победник
– Некој кој ќе има почит од соблекувалната поради неговото минато

Такви во овој момент кои би можеле да бидат во комбинација се Жозе Мурињо и Јирген Клоп.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ