Лука Модриќ импресионираше во својата прва сезона во Милан, сака да продолжи во дресот на „росонерите“ но има одредени барања.
Како што пренесува Фабрицио Романо, Хрватот поставил три услови за да остане на Сан Сиро.
Прво, потребен е настап во Лигата на шампиони. Второ, потребно е да се донесат квалитетни засилувања за следната сезона да се атакува на трофеи. Трето, Макс Алегри мора да остане на кормилото.
Раководството на Милан веќе работи со полна пареа и се преземаат чекори за креирање на конкурентен тим.






