понеделник, 20 април 2026

Кривична пријава за стружанец, пуштил „кангал“ да биде усмртен од друго куче

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против Б.Д. (45) од село Ливада, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „предизвикување општа опасност“ и „убивање и мачење животни“.

Објавено на

часот

Сподели

Според пријавата, на 27 март 2026 година, на патот меѓу селата Ливада и Биџево, пријавениот заедно со уште едно лице се движел со возило, при што со нив имале куче од расата „кангал“. Кучето го држеле со ремен преку прозорецот и го шетале со возилото.

Кога пристигнале во близина на дворот на Љ.Д. во село Биџево, пријавениот го пуштил кучето слободно, по што тоа го нападнало кучето на Љ.Д. од расата „миник“ и го усмртило.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ