понеделник, 20 април 2026

Германија за првпат не е прва во ЕУ според барањата за азил

Бројот на баратели на азил во Германија се намалил за 23 проценти во првиот квартал од оваа година, објавија германските медиуми, што довело до тоа земјата да не биде прва во Европската Унија по бројот на барања.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Во првите три месеци од оваа година, во Германија се регистрирани 28.922 барања за политички азил, што е значително помалку отколку во истиот период минатата година“, објави Велт ам зонтаг, повикувајќи се на податоци од Агенцијата за азил на Европската унија (ЕУАА) во Малта.

Така, за прв пат, Германија не е на прво место во Европската Унија по бројот на поднесени барања за азил. Пред неа се Франција, Италија и Шпанија со повеќе од 30.000 барања. На дното на рангирањето се Унгарија и Словачка со по околу триесет барања.

На ниво на целата Унија бројот на барања за азил се намалил за 18 проценти во првиот квартал. Најголемиот број баратели доаѓаат од Венецуела (21.542), Авганистан (21.402) и Бангладеш (9.738).

Во исто време, бројот на барања за азил поднесени од сириски граѓани значително се намалил. Од 2015 година повеќе од 900.000 Сиријци поднеле барање за азил во Германија.

Откако дојде на власт пред нешто помалку од една година владата на канцеларот Фридрих Мерц го наведе намалувањето на нерегуларната миграција како една од своите главни цели.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ