На локалните избори во 2025 година учествуваа вкупно 69 независни граѓански листи за советници и освоија 58.607 гласови, повеќе и од партиите Левица (56.287 гласови) и ЗНАМ (38.034 гласови).
Независните „Шанса за Центар“, „Независни заедно“, „Подобро за Тетово“, „Ред за Куманово“, „Поинаку Битола“, „Зелените од Гази Баба“, „Стига е“ – Струмица, Ново Село и Босилово, „Независни за Карпош“, „Ја штитам Беласица“ од Ново Село и „Движење Правда“ метаат дека е неразбирливо зошто само политичките партии кои имаат пратеници да бидат вклучено во работната група, иако на избори учествуваат и други партии и независни иницијативи.
Таа смета дека на изборите треба да се обезбеди фер конкуренција. „Очекувам дека ќе имаме разбирање од министерот за правда, бидејќи ова е во насока на јакнење на духот на демократијата и е содржано во препораките на ОБСЕ/ОДИХР. Бараме фер настап на изборите, фер застапеност во медиумите и фер распределба на средствата”, рече Ивановска.






