Во соопштението, ЗНАМ наведува дека се надева на отворање простор за зрел и конструктивен дијалог меѓу двете држави, со цел надминување на отворените прашања. Притоа, нагласуваат дека остануваат посветени на заштитата и унапредувањето на правата на македонското малцинство во Бугарија, како и на целосно почитување на македонскиот идентитет, јазик, историја и културно наследство.
Од Движењето повторуваат дека уставни измени за внесување на бугарската заедница нема да бидат прифатени без јасни гаранции дека тоа ќе биде последно условување во процесот на деблокада на евроинтеграциите на земјата.
Според нив, со политичка зрелост и взаемна почит може да се создаде нова клима на доверба, што ќе придонесе за подобрување на билатералните односи, но и за стабилноста во регионот и продолжување на европскиот пат на државата.
ЗНАМ потенцира дека дијалогот и принципиелниот пристап се единствениот одржлив пат кон стабилни односи и европска перспектива во која Македонија ќе биде третирана со достоинство и рамноправност.






