понеделник, 20 април 2026

Следува драма во трката за титула во Премиер лигата, еве го распоредот

Премиер лигата ќе добие огромна драма во финишот на сезоната.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Манчестер Сити направи голем чекор во трката за титулата во Премиер лига, откако на домашен терен го совлада Арсенал со 2-1. Со овој триумф „граѓаните“ останаа во игра за првото место, а доколку го добијат и заостанатиот натпревар против Кристал Палас, ќе се израмнат со бодови со директниот ривал.

Во случај двата тима да ја завршат сезоната со ист број бодови, одлуката за шампионот ќе падне врз гол-разликата, а доколку и таа е идентична, ќе се пресметуваат постигнатите голови.

До крајот на сезоната, Арсенал го очекуваат натпревари против Њукасл, Фулам, Вест Хем, Барнли и Кристал Палас.

Од друга страна, Манчестер Сити има уште погуст распоред и ќе се соочи со Барнли, Евертон, Брентфорд, Борнмут, Астон Вила и Кристал Палас, што навестува неизвесна завршница во битката за титулата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ