Фудбалерот на ОФК Београд блесна на дуелот против Нови Пазар, каде одигра одличен натпревар и постигна убав погодок поведувајќи го тимот кон победата.
Ова признание и избор во тимот на колото ја потврдува формата на Деспотовски во тековната сезона.
Со ова признание, Деспотовски само ја потврдува добрата форма и континуитетот во настапите, а воедно испраќа јасна порака дека може да биде важен адут и во продолжението од сезоната. Македонскиот фудбалер има 22 настапи за ОФК во Суперлигата, а ова му беше прв погодок.







