понеделник, 20 април 2026

Партизан не доби лиценца за настап во Европа

„СпортКлуб“ објавува дека фудбалскиот клуб Партизан не добил лиценца за настап во европските натпреварувања за следната сезона, бил одбиен во првиот степен од надлежната комисија при Фудбалската федерација на Србија.

Фото: ФК Партизан

Објавено на

часот

Сподели

Документацијата на Партизан имала неколку пропусти. Наводно станува збор за детали поврзани за финансирање и пробивање на поединечни рокови. Комисијата за лиценцирање следејќи ги буквално упатствата донела негативна одлука.

Партизан има можност за жалба на второстепениот орган во постапката за лиценцирање.

Одлуката при евентуалната жалба на Партизан би можела да се очекува дури во мај.

Партизан до последен момент се бореше да ги реши финансиските проблеми и се чинеше дека тоа го направи успешно, но очигледно уште има проблеми за црно-белите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ