понеделник, 20 април 2026

Косово ја прогласи иранската Револуционерна гарда за терористичка организација

Косовската влада ја усвои предлог одлуката за прогласување на Исламската револуционерна гарда на Иран за терористичка организација.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Одлуката за прогласување на Исламската револуционерна гарда на Иран за терористичка организација беше разгледана на денешната седница на владата на Косово.

Претставувајќи ја предложената одлука пред Владата, косовскиот премиер Аљбин Курти изјави дека предлогот дава правна и стратегиска основа за нејзино прогласување за терористичка организација на Косово.

„Исламската револуционерна гарда на Иран е дефинирана како субјект кој користи тероризам и организирано насилство како средство за надворешна политика и придонесува за регионална и глобална нестабилност. Со оваа одлука Косово ја зајакнува својата позиција во заштитата на меѓународната безбедност, демократските вредности и човековите права“, оцени Курти.

Тој истакна дека со оваа одлука неговата земја јасно ја покажува својата посветеност да застане покрај своите стратегиски сојузници во заедничката борба против тероризмот.

Предлогот беше едногласно усвоен од членовите на владата. Иран сè уште не ја признава еднострано прогласената независност на Косово.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ