сабота, 18 април 2026

Семејно насилство за 24 часа: возрасни деца напаѓаат родители, мајка – сопругот и децата, брат – сестра, татко – синот…

Министерството за внатрешни работи соопшти дека во изминатото деноноќие три лица се лишени од слобода, а со четири е извршен службен разговор за семејно насилство.

Објавено на

часот

Сподели

На 17  април, во 6:35 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода М.Ж.(22) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека околу 5:30 часот пред станбена зграда на подрачјето на Кисела Вода, а ѝ во изминатите неколку дена му упатувал закани на неговиот 64-годишен татко, при што користел и нож. При преглед кај него бил пронајден ножот, како и дробилка со остатоци од марихуана.

На 18 април во 00:40 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ја лишија од слобода 44-годишната М.П. од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека на 16 април, околу 19:30 часот на подрачјето на Карпош упатувала закани на нејзиниот 64-годишен поранешен сопруг и нивните деца. Според пријавеното, тој ѝ во изминатиот период трпел психичко и физичко насилство. При извршен преглед кај неа била пронајдена и одземена бела прашкаста материја.

На 17 април, во 18 часот во СВР Скопје, 42-годишна жена пријавила дека на 16 април, околу 22 часот во семејната куќа на подрачјето на Шуто Оризари во Скопје била физички нападната од нејзиниот брат Р.М.(40). Полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода извршиле службен разговор со пријавениот.

На 17 април, во 18:30 часот во СВР Скопје, 76-годишен маж од Скопје пријави дека на 16 април околу 22:30 часот во семејниот дом на подрачјето на Драчево, по претходна расправија, бил физички нападнат од неговиот 50-годишен син Г.П и неговата 46-годишна ќерка С.П.. Според пријавеното, тој ѝ претходно трпел психичко и физичко насилство, но досега немал пријавено. По преземени мерки, во 20:20 часот полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода извршиле службен разговор со синот и ќерката.

На 18 април, во 1:30 часот во СВР Охрид е извршен службен разговор со В.С.(46) од Охрид, постапувајќи по претходна пријава од неговата поранешна 39-годишна сопруга дека во последно време физички го напаѓал нивниот малолетен син за време на викендите, кога бил кај него согласно решението на Центарот за социјални работи Охрид. Според пријавеното, последен пат тоа се случило на 17 април, околу 22 часот.

На 17 април, во 20:15 часот, полициски службеници од Полициското одделение Галате го лишија од слобода Е.М. од гостиварско село, постапувајќи по претходни пријави дека упатувал закани кон неговата 35-годишна поранешна партнерка и нејзиното семејство.

Се преземаат мерки за расчистување на случаите и по нивно целосно документирање против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ