Ѓорчепетровки без преголема мака го добија мечот со младинскиот колектив на Пелистер со 15-37. Скопскиот тим важеше за апсолутен фаворит и сосема очекувано ќе игра ново финале. Најдобра на паркетот беше Стефанија Ѓоргиевска која даде девет гола кај „лавиците“, додека во Пелистер се истакнаа Елмазовска, Бундоска и Тодоровска со по три.
Спартак го доби Чаир по драма со 24-23 и ќе игра во финалетот против бранителот на тронот. Иако имаа улога на аутсајдер, девојките од Спартак одиграа храбро и херојски го исфрлија фаворизираниот противник.
Зориза Андовска беше најефикасна со осум реализации го водеше својот тим до победата, а голманката Слободанка Кицевска блесна со 16 интервенции. Данчевска беше најдобар стрелец во Чаир со четири реализации.
Женското Куп-финале во салата „Парк“ во Струмица се игра утре во 17:00 часот.






