сабота, 18 април 2026

Папата: Не ми е во интерес да се расправам со Трамп

Папата Лео Шеснаесетти се обиде да ја намали сериозноста на спорот со Доналд Трамп и кажа дека известувањето за неговите изјави од африканската турнеја „не било точно во сите аспекти“ и дека „не е во негов интерес“ да се расправа со американскиот претседател.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Зборувајќи со новинарите на англиски јазик на летот за Ангола, на третата етапа од неговата амбициозна 10-дневна турнеја низ Африка, првиот американски папа кажа дека неговата изјава пред два дена во Камерун дека светот го „пустошат шака тирани“ не била нужно насочена кон Трамп.

„Тој говор беше подготвен пред две недели, долго пред претседателот да коментира за мене и пораката за мир што ја промовирам“, кажа Лео. Говорот беше протолкуван „како да се обидувам да се расправам со претседателот, што воопшто не е во мој интерес“, кажа папата денес.

Во неделата, додека Лео се подготвуваше да ја започне својата турнеја, Трамп го опиша како „слаб во однос на криминалот и ужасен во однос на надворешната политика“ во објава на платформата Трут соушал.

Трамп објави и фотографија генерирана од вештачка интелигенција на која изгледа како Исус, предизвикувајќи широки критики дури и од некои религиозни конзервативци кои обично го поддржуваат. Објавата беше отстранета во понеделник наутро.

Се чини дека Трамп со тоа реагираше на критиките на папата за војната на САД и Израел против Иран во последните недели.

Папата во понеделникот за Ројтерс изјави дека ќе продолжи да зборува за војната.

Лео, роден во Чикаго, имаше воздржан стил за папа во првите 10 месеци од својот мандат, но во Африка дебитираше со нов, силен стил на говор и остро гиосуди војната, нееднаквоста и глобалните лидери.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ