Охриѓани за првпат ќе играат во меч за титулата и имаат шанса да испишат историја. Тимот на Борис Ројевиќ оваа сезона покажа сериозен напредок и најави дека може да се носи со најсилните, па финалето го дочекува со голема мотивација, иако не е во улога на фаворит.
Вардар 1961, пак, има јасна цел да ја продолжи доминацијата во Купот каде досега има освоено 17 трофеи. Составот на Иван Чупиќ е на добар пат и кон титулата во Суперлигата, а скопскиот тим сигурно посакува двојна круна, но за тоа ќе мора да го оправда фаворитскиот статус на теренот.
Во женска конкуренција, Спартак од Кисела Вода ќе дебитира во финалињата и ќе се обиде да приреди уште едно изненадување, овојпат против актуелниот освојувач Ѓорче Петров.
Женското финале се игра од 17:00 часот, додека машкото е на програмата во 20:00 часот во Струмица.






