Според информациите на УХМР изутринава се измерени минус еден степен во Берово, 0 во Лазарополе, 1 во Mаврови Анови и Попова Шапка, 2 во Крива Паланка, 4 во Тетово и Битола, 5 во Охрид, Претор, Штип, Струмица и Kрушево, 6 во Прилеп и Гевгелија, 7 во Куманово, Виница, Кавадарци и Демир Капија и 8 во Скопје-Зајчев Рид и Велес.
Количината на врнежи за изминатите 24 часа до 08 часот во (l/m2) изнесува четири во Струмица, еден во Велес, Берово, Ѓуриште.
Времето денеска ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 17 до 24 степени.
Во Скопје, претежно сончево и релативно топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 23 степени.






