Во соопштението на МВР се вели дека било констатирано дека А.Ѓ. (20) извршил кражба во куќата на К.Р. во Шуто Оризари, од каде одзел пари и златен накит, кој го продал на друго лице од Скопје, а парите ги потрошил.
„Украдените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 235 од Кривичниот законик“, се вели во соопштението на МВР.






