сабота, 23 мај 2026

Три лица повредени во сообраќајка на автопатот Велес-Скопје

Објавено на

часот

Сподели

Од Министерството за внатрешни работи соопштуваат дека изутрина во 04.30 часот на автопатот Велес – Скопје, кај клучка Хиподром, патничко возило хонда, со скопски регистарски ознаки, управувано од М.И.(65) од Скопје, се превртело на коловозот.

Во незгодата М.И. се здобил со тешки телесни повреди, а малолетна сопатничка и Н.И.(52) се здобиле со телесни повреди, констатирани во Компекс клиники „Мајка Тереза”.

Увид извршила екипа од СВР Скопје.

АМСМ во вонреден извештај изутрината во 05.35 часот информираше дека патниот правец Велес – Скопје по обиколницата кај Хиподром е блокиран поради сообраќајна незгода.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ