„Притоа, М.С.(38) од Тетово, малолетно 16-годишно лице од Мала Речица, И.Р. од Жеровјане, А.Ј. (44) од Гостивар, С.З.(38) од Неготино-Полошко, Х.Х.(29) од гостиварско Сенокосе, С.М.(26) од гостиварско Врапчиште и А.И.(21) од гостиварско Дебреше не ги почитувале издадените решенија. Тие ја напуштиле државата и постапиле спротивно на член 206 од Кривичниот законик“, наведуваат од СВР Тетово.
Исто како и во претходните случаи кои беа регистрирани деновиве, по целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.






