сабота, 23 мај 2026

Скопјанец превезувал мигрант Сомалиец, а бил баран за друго кривично дело

Објавено на

часот

Сподели

„Вчера во 11.40 часот на автопат Куманово – граничен премин Табановце, во близина на обиколницата  кај Табановце, полициски службеници од  Сопот го лишиле од слобода М.М.(31) од Скопје. При преглед во возилото ‘фолксваген пасат’, со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, превезувал едно лице – мигрант од Сомалија.

При дополнителни проверки било констатирано дека М.М. се бара по наредба за сторено кривично дело ‘измама’, казниво по член 247 став 3 во врска со став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик. Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Куманово и против него е поднесена кривична пријава по член 418-б ст.2 од Кривичниот законик, за ‘криумчарење на мигранти’. Лицето-мигрант е сместено во Транзитниот центар Табановце за понатамошна постапка“, информира МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ