сабота, 23 мај 2026

Нуркачи и полицијата го бараат момчето кое вчера почнало да се дави, па исчезна во водите на Вардар

Објавено на

часот

Сподели

Дека по момчето се трага во и околу Вардар кај неготинско Пепелиште, вчера попладне потврди Билјана Филипова, директор на Здравствен дом Неготино.

„Според информациите што досега ги имаме, едно момче почнало да се дави во реката, а другарче се обидело да му помогне, но безуспешно. Очевидци го спасиле второто момче, кое било видно вознемирено, а по првото трагаат мештани, пристигнале и нуркачи. Екипа на нашата брза помош веднаш отиде на местото и ќе остане таму и понатаму“, рече Филипова вчера попладне за МИА.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ