Повеќе од половината од казнетите, 181 возач ја пречекорил брзината во населено место, а 121 надвор од населено место. Во Скопје се санкционирани 54 возачи.
На територијата на главниот град изречени се вкупно 157 мерки, меѓу кои и 18 за возење без возачка дозвола, девет за возење под дејство на алкохол, шест мерки за користење мобилен телефон, 10 за прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, пет за возач почетник, 43 за непрописно паркирање.
„Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи“, велат оде МВР.






