сабота, 23 мај 2026

Кривични пријави за сопственик на фирма и четворица албански државјани за сеча на дрва

Објавено на

часот

Сподели

Портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски информира дека Одделението за внатрешни работи од Струга поднело кривична пријава против Е.Ќ.(50) од струшкото село Велешта и против неговото правно лице со седиште во истото село, како и против албанските државјани Л.Д.(21), О.Д.(25), М.К.(45) и Ф.М.(31).

„При контрола извршена на 8 август годинава во месноста Балески лазој, атар на струшкото село Лабуништа, полициски службеници ги затекнале албанските државјани во бесправна сеча на букови дрва и притоа констатирале дека нелегално биле ангажирани за работа од сопственикот на правниот субјект“, изјави Димоски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ