Во текот на вчерашниот ден, во врска со пожар за кој вчера било пријавено дека настанал во село Горно Мелничани, дебарско, од страна на полициски службеници биле лишени од слобода осум лица (шест од Куманово и две од Република Албанија) и во консултација со Јавен обвинител од ОЈО Дебар тие се задржани во полициска станица, а службен разговор е извршен со уште едно лице од село Броштица.
По документирање и на овој случај ќе биде поднесен соодветен поднесок.






