„Полициски службеници од Полициска станица Тетово го лишиле од слобода О.Ф.(44) од Тетово затоа што околу 08.00 часот од Х.Н.(69) од Тетово одзел пари и со остар предмет повредил две лица кои го спречиле да побегне. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава“, информираат од СВР Тетово.
Полицијата вчера бележи и приведување поради физички напад на сопругот над сопругата во Камењане кој агресивно се однесувал и кон нивните деца.
Од Тетово 49 годишна жена пријавила дека таа дека таа и нејзиниот малолетен син биле физички нападнати од лице со иницијали А.Е., за што се преземаат мерки за расчистување на случајот.






