вторник, 18 ноември 2025

Две велешанки пријавиле дека биле натепани од своите мажи

Две жени во Велес и велешко  физички нападнати од своите мажи. Од СВР Велес, информираа  дека полициски службеници ги привеле двајцата напаѓачи,  а известиле и  јавен обвинител.

Објавено на

часот

Сподели

Првиот напад се случил вчера попладне, во 15:20 часот, во велешко село кога била нападната 58 годишна жена од својот четири години постар сопруг. Полициски службеници постапиле по пријавата за нападот што се случил во семејниот дом каде напаѓачот употребил тврд предмет и физички ја нападнал сопругата, информираат  денеска од СВР Велес.

Во вториот напад физички нападната била 32 годишна велешанка од 24 години постар невенчан сопруг кого таа го пријавила во полициска станица синоќа по полноќ.

Од СВР Велес, информираа  дека полициски службеници ги привеле двајцата напаѓачи, а известиле и  јавен обвинител.

Воедно најавија дека по документирање на настанот против нив ќе поднесат соодветни поднесоци.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ