сабота, 25 април 2026

Жестоки судири на Цетиње, солзавец, шок бомби и пукање (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Акцијата на полицијата почнала во 6 часот наутро, а медиумите во Подгорица пренесуваат дека полицијата користела солзавец и шок бомби за да ја разбрка групата од неколку стотици демонстранти кои од зората се собрале на централниот плоштад. Тие на полицијата фрлале камења и шишиња, а фрлен е и молотов коктел.

[video:https://youtu.be/m5CJzcpEzcA autoplay:0]

Сепак, митрополитот црногорски-приморски Јоаникие е устоличен во Соборниот храм на Христовото воскресение во Цетиње.

Српскиот патријарх Порфирие кажа дека Јоникие е избран за цногорско-приморски митрополит.

„Тоа е голема должност и чест да се дојде на тронот на Свети Петар Цетињски и многу светци до денес. Не дојдовме тука нешто да грабнеме и загрозиме или не дај боже украдеме, дојдовме да го извршиме светиот чин на устоличувањето“, кажа Порфирие.

Тој додаде дека „мирот тука е попотребен од што било друго.

На Јоаникие му порача: „Вие не сте тука за да прашувате кој е кој и на кој народ му припаѓа. Тука сте да ги тапите остриците и да ги спојувате мостовите“.

[video:https://youtu.be/mkUwiPOqpUU autoplay:0]

Вучиќ: Добро е што владата го смени ставот

Претседателот на Србија Александар Вучиќ кажа дека е добро што владата на Црна Гора го сменила ставот и дозволила да се одржи устоличувањето на митрополитот Јоаникие.

„Цетиње е место каде што постои изразена омраза кон сите кои припаѓаат на други народи освен на црногорскиот, но дури не би кажал дека тоа е вистинска омраза туку дека е поттикната од делата на политичарите“, кажа Вучиќ.

[video:https://youtu.be/zNQ755Y41tM autoplay:0]
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ