Хезболах: Примирјето со Израел е бесмислено, тие и понатаму напаѓаат

Либански Хезболах објави дека примирјето во војната со Израел, во кое посредуваа Соединетите Американски Држави, е бесмислено, еден ден откако беше продолжено за три недели, истакнувајќи ги континуираните израелски напади во јужен Либан и додавајќи дека групата има право да одговори.

Фото: ЕПА

часот

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера објави тринеделно продолжување откако ги пречека израелскиот и либанскиот амбасадор во Белата куќа. Договорот за прекин на огнот меѓу владите на Либан и Израел требаше да истече задутре. Во соопштението во кое го коментира продолжувањето, претставникот на Хезболах Али Фајад, кажа дека „важно е да се истакне дека примирјето е бесмислено“.

„Бесмислено е во контекст на израелското инсистирање на непријателски дејства, меѓу кои се атентати, гранатирање и пукање“, како и уривање на села и градови на југот, кажа тој. Непријателствата меѓу Хезболах и Израел повторно се разгореа на 2 март кога групата отвори оган во поддршка на Иран во регионалната војна.

Прекинот на огнот во Либан дојде одделно од напорите на САД за решавање на конфликтот со Техеран, иако Иран побара Либан да биде вклучен во секое пошироко примирје. Прекинот на огнот, постигнат со посредство на САД, кој стапи на сила на 16 април, резултираше со значително намалување на непријателствата.

Но, Израел и Хезболах продолжија да разменуваат оган во јужен Либан, каде што Израел има свои војници во самопрогласена „тампон зона“. „Секоја израелска агресија против која било либанска цел, без оглед на нејзината природа, им дава право на силите на отпорот да одговорат пропорционално“, заклучи Фајад.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ