четврток, 23 април 2026

Врховниот суд во Франција ги одобри пропусниците против кои протестираат антиваксерите

Објавено на

часот

Сподели

Донесувањето на законот се совпаѓа со четвртиот бран на зараза во Франција, предизвикан од делта варијантата на вирусот, и Франција оди подалеку од повеќето европски земји во условување на секојдневните активности според тоа дали некој има сертификат за вакцинација или неодамнешен негативен тест за ковид.

Од 21 јули, во Франција е потребна здравствена пропусница за пристап до музеи, кина и базени. Од 9 август ова правило ќе се прошири и на ресторани, кафулиња, големи трговски центри и возови кои патуваат на долги растојанија.

Во меѓувреме, здравствените работници мора да се вакцинираат до средината на септември или ќе се соочат со суспензија барем до средината на ноември.

Претседателот Емануел Макрон ги откри своите планови во врска со законот во јули со едноставна порака: „Вакцинирајте се“.

Стапката на вакцинација се зголеми кога луѓето се соочија со можноста да бидат ускратени од секојдневните задоволства. Повеќето Французи ги одобруваат барањата за здравствена пропусница, покажа анкетата на Елабе.

Но, противниците на законот го обвинуваат Макрон за газење на слободите и дискриминација на невакцинираните.

Во одлуката донесена денес, Уставниот совет поништи неколку клаузули од законот. Се наведува дека задолжителниот 10-дневен карантин на секој што ќе биде позитивен на тест за ковид-19 влијае на слободите.

Макрон зборуваше за неодговорноста и себичноста на оние кои одбиваат да се вакцинираат и рече дека нема да се покори на барањата на антиваксерите и демонстрантите против здравствените пропусници, кои изминатите три викенди протестираат низ Франција.

„Десетици илјади луѓе го загубија разумот до тој степен што тврдат дека живееме во диктатура“, рече Макрон за Пари Мач во интервју објавено вчера.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ