Македонија одлично го отвори натпреварот, поведовме со 6-1, и во продолжението ја зголемувавме предноста, на одморот заминавме со позитива од 22-9.
Нашите ракометарки ја продолжија доминацијата во вториот дел, конечниот резултат гласеше 45-13.
Рона Мифтари со осум голови беше најефикасна во нашата репрезентација, по петпати погодија Мила Ристовска и Тара Аврамовска.
Утре Македонија ќе игра против Словачка за прво место во групата, мечот почнува од 10:30 часот.






