среда, 22 април 2026

Во Сребреница осамнаа фотографии на Ратко Младиќ (ФОТО)

Објавено на

часот

Сподели

„Синоќа нашите соседи повторно залепија плакати со ликот на осудениот воен злосторник за геноцид Ратко Младиќ. Ние упорно кажуваме дека политичкиот и воениот врв и поединци се одговорни за геноцидот, другите упорно ни кажуваат дека не е така како што мислиме. Тие всушност се обидуваат да покажат дека зад злосторството на геноцидот не стојат поединци туку колони на луѓе“, наведе Табаковиќ.

Додаде дека негирањето на геноцидот е последната фаза од злосторството. Плакатите осамнале во близина на џамија.

Специјалниот претставник во БиХ Валентин Инзко одлучи во кривичниот закон на Босна и Хервеговина да внесе забрана за негирање на наводниот геноцид.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ