среда, 22 април 2026

Унгарија го тргна ветото на милијардите за Украина

Земјите членки на Европската Унија постигнаа договор за грантот од 90 милијарди евра за Украина и за 20-тиот пакет санкции против Русија, кои Унгарија досега ги блокираше, објави кипарското претседателство.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Амбасадорите на земјите членки (Корепер) почнаа писмена постапка за формално усвојување на тие одлуки. Владите на земјите членки сега имаат рок до утре попладне да ги потврдат двете одлуки.

Одлуките, за грантот за Киев и за 20-тиот пакет санкции против Москва, досега беа блокирани од унгарскиот премиер во заминување Виктор Орбан, оправдувајќи го своето вето со блокирањето на гасоводот Дружба од страна на Украина, кој ја снабдува Унгарија со руска нафта, а кој наводно бил оштетен кон крајот на јануари во руски напад со дронови во западна Украина.

Украина вчера објави дека поправката е завршена, по што нафтата протече низ гасоводот и треба да пристигне во Унгарија до утре.

Лидерите на земјите членки на ЕУ се согласија за грант за Украина на самитот во декември минатата година во Брисел, но Унгарија последователно го блокираше усвојувањето на амандманот на буџетската регулатива, кој бара едногласност, без кој ЕУ не може да земе кредит, бидејќи европскиот буџет го гарантира грантот.

Две третини од сумата од 90 милијарди евра, или 60 милијарди, се наменети за воена помош, а 30 милијарди за поддршка на украинскиот буџет со цел да се обезбеди континуирано функционирање на државата и основните јавни услуги.

Украина треба да ги користи овие средства за купување оружје и опрема произведени во ЕУ, а надвор само ако не се достапни во Европа.

Грантот за Украина беше одобрен врз основа на механизмот на „засилена соработка“ бидејќи не беше можно да се постигне согласност од сите земји членки. Унгарија, Чешка и Словачка се оградија и нема да учествуваат во плаќањата на каматаите.

Лидерите на земјите членки одлучија за заедничко задолжување откако немаше консензус за користење на замрзнатите руски средства за грантот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ