Тоа е еквивалентно на околу 50.000 олимписки базени, рече метеорологот на Си-ен-ен.
Толку многу врнежи во толку краток временски период би биле проблематични насекаде во светот, но кога ќе падне таков дожд во урбана област како Њујорк, проблемите стануваат многу поголеми, рече метеорологот.
Во поплавите предизвикани од рекордните врнежи во Њујорк и Њу Џерси загинаа најмалку девет лица.
Остатоците од ураганот Ида, кој викендов ја опустоши американската држава Луизијана, донесе рекордни количества дожд и поројни поплави.
[video:https://www.youtube.com/watch?v=L6KDsv-cIeU autoplay:0]Забраната за патување, која стапи во сила синоќа во Њујорк по историскиот дожд, е укината. Но властите продолжуваат да ги повикуваат луѓето да останат дома додека работниците од итните служби работат на чистење и проценка на штетите на патиштата.
„Останете дома денес додека не се подобрат условите“, објави градоначалникот на Њујорк, Бил де Бласио, на Твитер.
[video:https://www.youtube.com/watch?v=GqkSwaqZqvI autoplay:0]Повеќе од 100.000 домаќинства во трите држави во североисточниот дел на САД (Њујорк, Њу Џерси и Конектикат) што беа најтешко погодени од невидената бура, сѐ уште се без струја.
[video:https://www.youtube.com/watch?v=QY29hze7ES4 autoplay:0]





