сабота, 25 април 2026

Во Њујорк поради поплави прогласена вонредна состојба, улиците и метрото се под вода (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Во Њујорк на сила е забрана за патувања, сите возила кои не се итни не смеат да бидат на улица, а и сите градски линии на метрото се сопрени.

[video:https://youtu.be/l0YzSGGNAGE autoplay:0]

„Вечерва сведочиме на историско невреме со рекорден дожд, брутални поплави и опасни услови на патиштата“, напиша на Твитер градоначалникот на Њујорк Бил де Блазио.

„Нè чекаат тешки часови. Никогаш не сум видел за толку кратко време да падне толку дожд“, додаде тој, повикувајќи ги луѓето да не излегуваат надвор.

„Ве молиме вечерва да се тргнете од улиците и да им дозволите на нашите итни служби да си ја вршат работата. Ако размислувате за заминување, немојте. Избегнувајте ја подземната железница. Тргнете се од патиштата. Не возете по ова лошо време. Останете дома“, напиша Ди Блазио на Твитер.

[video:https://youtu.be/0ZWKG05FByU autoplay:0]

„Никој не очекуваше волку дожд. Целиот регион е во многу тешка ситуација“, кажа гувернерката на Њујорк Кети Хочул за Си-ен-ен.

„Можеме да ги преземеме сите мерки на претпазливост, но мајката природа ќе прави сè што сака, а вечерва е особено лута“, додаде.

[video:https://youtu.be/SbjXS4m0Ek4 autoplay:0]

„Премногу извештаи има за спасување од водата и на насукани возачи, не возете по поплавените патишта, не знаете колку е водата длабока и преопасно е“, порача метеоролошката служба.

Пожарникарите соопштија дека спасувале луѓе од поплавените улици и од метрото.

Во поплавите кои настанаа од рекордните количества врнежи во Њујорк и Њу Џерси загинаа најмалку девет луѓе.

[video:https://youtu.be/rk8QXApriGU autoplay:0]
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ