среда, 22 април 2026

Во Италија, околу 99 проценти од смртните случаи се оние кои не ја завршиле имунизацијата

Објавено на

часот

Сподели

Од Италијанскиот институт за високо здравје (ИСС) соопштено е дека само 423 од 35.776 лица што починале, се оние кои завршиле имунизација, што одговара на 1,2 проценти.

Во анализата на ИСС е наведено дека станува збор за лица постари од 80 години кои го завршиле циклусот на вакцинација.

Константирано е дека во оваа група имало неколку патолошки нарушувања, а особено акутна респираторна инсуфициенција била водечка меѓу овие нарушувања.

До денес во Италија, каде масовната кампања за вакцинација е започната на 27 декември 2020 година се администрирани 66.469.852 дози вакцини.

Повеќе од 31 милион луѓе ја завршиле вакцинацијата.

Италија во четвртокот најави нови мерки поради сè поголемиот број случаи на делта варијантата, продолжувајќи ја вонредната состојба до 31 декември.

Доказ за вакцинација или негативен резултат на тест за ковид-19 е потребен доколку некој сака да учествува на одредени општествени настани, вклучително и исхрана во затворен простор.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ