сабота, 25 април 2026

УНИЦЕФ и СЗО повикуваат училиштата да останат отворени, со почитување на мерките

Објавено на

часот

Сподели

Препорачаните мерки, како што се истакнува во заедничкото соопштение на двете организации, вклучуваат нудење на наставниците и другиот училиштен персонал вакцини против ковид-19 во националните планови за вакцинација, со обезбедување на вакцинација на загрозената популација.

Регионалниот директор на СЗО за Европа Ханс Клуге оцени дека пандемијата го предизвикала „најкатастрофалното нарушување во образованието во историјата“.

„Затоа е од клучно значење учењето во училница да продолжи во цела Европа. Тоа е исклучително важно за образованието на децата, нивното ментално здравје и социјалните вештини, за училиштата да им помогнат да бидат среќни и продуктивни членови на општеството“, кажа Клуге.

Предупреди дека ќе помине уште многу време пред да ја оставиме пандемијата зад себе, но дека школувањето на децата во училиште мора да остане примарната цел, за да не им ги одземаме животните прилики кои ги заслужуваат.

„Ги охрабруваме сите земји училиштата да останат отворени и ги повикуваме сите школи да преземат мерки за намалување на ризикот од ковид и ширењето на различните варијанти“, порача Клуге.

Покрај вакцинирањето на учителите и персоналот на училиштата, како и на децата постари од 12 години, се препорачува подобра вентилација во училниците, намалување на бројот на ученици во одделенијата каде што тоа е возможно, физичко дистанцирање и редовно тестирање на децата и персоналот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ