среда, 22 април 2026

Тројца ерменски војници убиени во судир со Азербејџан, во тек е прекин на огнот

Објавено на

часот

Сподели

Ерменското министерство за одбрана во изјава наведе дека азербејџанските сили ги нападнале ерменските позиции покрај границата на двете земји.

Двајца ерменски војници биле ранети во инцидентот, а борбите продолжиле.

Азербејџанското министерство за одбрана ги обвини ерменските сили за „провокации“, во округот Лакбаџар, и соопшти дека нивната војска ќе продолжи да се одмаздува, објави руската агенција ТАСС.

Интерфакс подоцна објави дека Азербејџан сепак го прифатил рускиот предлог за примирје во областа на инцидентот, а и ерменското министерство за одбрана го прифатило примирјето.

Инцидентот е еден од најсмртоносните од минатогодишната шестнеделна војна меѓу силите на Еревани Баку околу регионот Нагорно-Карабах и околните области.

Во шесте недели борби од септември до ноември минатата година азербејџанските сили ги истиснаа силите на етничките Ерменци од појасот на територии кои ги контролираа од 1990-тите и околу регионот Нагорно-Карабах пред да биде воспоставено примирје со посредство на Москва.

Во меѓувреме се разгоре граничниот спор меѓу двете страни кои во последните месеци се обвинуваа за упади на државната територија, истакнувајќи ја кревкоста на прекинот на огнот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ