„Министерството за јавно здравје на Исламскиот Емират ги советува сите вработени жени редовно да доаѓаат на работа и ќе им биде овозможено да ги извршуваат своите должности без пречки“, соопшти портпаролот на талибанците, Забихула Муџахид, пренесе Ројтерс.
Жените се обесхрабрени да одат на работа, па дури и се отпуштани од работа, што предизвика страв дека талибанците ќе го повторат ставот на својата претходна влада пред 2001 година, кога на жените не им беше дозволено да работат, но се чини дека сѐ повеќе се множат жалбите дека кревкиот систем за здравствена заштита нема персонал, што довело до промена на таквите политики.
Откако талибанците влегоа во Кабул на 15 август, тие се обидуваат да ги воспостават виталните јавни услуги, но многу експерти, поврзани со поранешната влада, се приклучија во евакуацијата од земјата или седат дома од страв од одмазда, вели Ројтерс.






