сабота, 25 април 2026

Талибанците: Авганистанците во иднина ќе можат слободно да патуваат

Објавено на

часот

Сподели

„Авганистанската граница ќе биде отворена и луѓето ќе може да патуваат каде било во Авганистан и од Авганистан“, кажа Шер Мухамад Абас Станикзаи, заменик шеф на политичкиот одбор на талибанците.

Изјавата доаѓа во момент кога илјадници луѓе се обидуваат со последните летови да го напуштат аеродромот во Кабул до 31 август, крајниот рок за повлекување на американските и сојузничките сили.

Повикувајќи ги Авганистанците да се обединат за обнова на својата држава, Станикзаи кажа дека образованите луѓе треба да се вратат на работа.

„Подготвен е теренот за лекарите, инженерите и учителите, кои му се потребни на Авганистан, како и за луѓето од сите струки, цивилни и воени. Сите се повикани да почнат да работат“, истакна тој.

Ал џезира, повикувајќи се на талибански извори, вчера пренесе дека талибанците ќе побараат од Катар техничка помош во управувањето со кабулскиот аеродром.

Талибанците побарале техничка помош за управување со аеродромот и од Турција, но кажале дека повлекувањето на странските војници подеднакво важи и за турските.

Двајца турски функционери кажаа дека Турција нема да помогне во управувањето со аеродромот по повлекувањето на НАТО, освен ако талибанците не се согласат на присуство на турски војници, по смртоносните напади кај аеродромот, кои покажаа колку е тоа опасно.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ